Top Sport

Видал: Баерн треба да знаат дека играат со Барса, а не со некој стар бундеслигаш

Барселона остануваат најдобар клуб на светот во моментов и ќе ги победат Баерн Минхен во петочниот мега-дуел во Лигата на шампионите, смета Артуро Видал.

Видал, кој играше за Баерн од 2015 до 2018 година, смета дека е неправедно Баерн да биде сметан за голем фаворит во мечот по освојувањето на двојната германска титула и вкупниот 7:1 триумф над Челси во два меча, додека Барса остана без шпанската титула по колапсот во трката со Реал Мадрид.

„Баерн сигурно ќе бидат полни со самодоверба, но мораат да сфатат дека утре нема да играат со некој стар клуб од Бундеслигата, туку против Барса. Го сфаќам оптимизмот, но ние сме најдобриот тим на светот. Единствен проблем е што не го покажуваме секогаш тоа и така ја загубивме лигата. Но, го имаме Лео, најдобрите фудбалери на светот и желба за докажување“, вели  Видал.

Тој признава дека Роберт Левандовски е фантастичен фудбалер, но го отфрли мислењето на Лотар Матеус дека полскиот напаѓач во моментов е подобар и од Меси.

„Левандовски е невообичаен, многу опасен, незаситен голгетер. Ќе биде тешко да се сопре, но невозможно е да се споредува со Меси, кој е од друга планета“, додава Видал.

Scroll to Top