Турското обвинителство побарало затворска казна од 12 и пол години за фудбалската ѕвезда Арда Туран, кој во еден ноќен клуб минатата недела му го скршил носот на пејачот.
Според турските медиуми, инцидентот се случил во ноќен клуб, откако Туран дофрлал непристојни зборови кон сопругата на поп пејачот Беркај Сахин.
Турам, кој е играч на Барселона, но како позајмен настапува во Башакшехир, по инцидентот отишол во болницата каде што завршил пејачот и се заканувал со пиштол.
Медиумите наведуваат дека Туран е обвинет за сексуално вознемирување, поседување на оружје без дозвола и нарушување на јавниот ред и мир. Агенцијата Анадолија објави дека фудбалерот се соочува со казна затвор во време траење од 12 години и шест месеци.
Со две годишна затворска казна се соочува и поп пејачот Сахин, бидејќи го навредил Туран.