Top Sport

Аргентина без Меси против Ел Салвадор и Костарика

Капитенот на Аргентина, Лео Меси ќе ги пропушти двата пријателски натпревари што ќе ги одигра светскиот шампион против Ел Салвадор (22 март) и Костарика (26 март). Двата натпревари ќе се играат во Соединетите Американски Држави.

Ѕвездата на Интер од Мајами се пожали на полесна повреда и постоеја шанси да биде во тимот на Аргентина, но сега е сигурно дека тоа нема да се случи,. Сепак, Лео ќе се приклучи во репрезентативниот камп во Филаделфија, за да им пружи морална поддршка на соиграчите.

Воедно, поради повреди Пауло Дибала и Маркос Сенеси од Бурнмаут нема да го носат дресот на Аргентина, па селекторот Лионел Скалони го повика капитенот на Бетис, Гвидо Родригез, кој се рехабилитираше од повредата.

„Целта на Меси и на клубот е да се врати на терените на почетокот на април, за четвртфиналниот натпревар од Купот на КОНКАКАФ“, изјави на оваа тема тренерот на Интер од Мајами, Херардо Мартино.

Во осминафиналето Интер го исфрли Нешвил, а токму на таа средба 36-годишниот аргентински ас заработи повреда на мускулот.

По голот и асистенцијата мораше предвреме да ја напушти играта, па не го ни одигра првенствениот натпревар против Ди-си Јунајтед пред неколку дена.

Scroll to Top