Top Sport

Аргентина го победи Перу – Меси го критикуваше бразилскиот судија

Аргентина со крупни чекори оди кон Катар. „Гаучосите“, во 12.коло го победија Перу со 1:0. единствениот гол на „Монументал“, го постигна Лаутаро Мартинез во 43.минута.

Победата на Аргентина можеше да биде изразена и со повеќе голови разлика, во 10.минута им беше поништен гол поради офсајд, а во 90.минута поради фаул. Свои шанси имаше и Перу, во 65.минута Јотун промаши пенал.

По мечот Аргентинците не беа задоволни од судењето, а најдобриот меѓу нив Лионел Меси, на „Инстаграм“, го критикуваше бразилскиот судија Вилтон Переира Сампајо.

„Тежок меч, незгоден за играње. Многу ветер, тие играа бункер, имавме малку простор за игра. Арбитарот секогаш ги прави истите работи кога ни суди. Како намерно да го прави тоа. Овие три бода не доближија до целта“, напишал Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Scroll to Top