Аргентина стигна до убедлива 4:0 победа над Ирак во пријателски меч во Ријад, Саудиска Арабија, во убава контрола за новиот состав на селекторот Лионел Скалони.
Без првата ѕвезда Лионел Меси, кој зема „репрезентативен одмор“ по фијаското на Мундијалот во Русија, „албиселесте“ во поинаков подновен состав стигна до лесна победа над Ирак.
Новата ѕвезда на Интер, Лаутаро Мартинез го отвори резултатот во 18. минута од мечот откако Акуња совршено му нафрли и тој со глава лесно го совлада ирачкиот голман. До вториот гол се чекаше до 53. минута, кога фудбалерот на Ватфорд, Рикардо Переира го искористи добриот против на Пауло Дибала за да зголеми на 2:0
Третиот гол падна во 82. минута кога по еден корнер дефанзивецот Гвидо Пезеља беше највисок во скокот, а конечните 4:0 ги постави Франко Серви (Бенфика) во 92. минута од мечот.
Фото: ЕПА