ЦОНМЕБОЛ, фудбалската конфедерација на Јужна Америка потврди дека Копа Америка во 2020 ќе биде организирана од Аргентина и Колумбија, во историска одлука во проширеното натпреварување кое ќе брои 38 натпревари, 12 повеќе од сегашниот формат.
Дванаесетте репрезентациии ќе бидат поделени во две групи по шест тима, една во Јужната зона: Аргентина, Чиле, Уругвај, Парагвај, Боливија и гостувачка нација и една во Северната зона: Колумбија, Бразил, Венецуела, Еквадор, Перу и уште една гостувачка нација. Четири тима од двете групи ќе се квалификуваат во четврт-финалето.
„Целта е да се овозможи поголема пристапност до навивачите и мечевите на репрезентациите да се приближат на јужноамериканската публика. Фановите ќе можат да уживаат во барем пет меча на својата репрезентација“, вели претседателот на ЦОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.
И оваа година на програмата има Копа Америка, со Бразил како домаќин, четири години по турнирот во Чиле во 2015 година. Во 2016 беше оддржано посебно издание за 100-годишнината во САД. Двата турнири ги освои Чиле, и тоа двапати со победа на пенали над Аргентина.
La @CopaAmerica 2020 se disputará en dos zonas de Sudamérica para acercar los partidos de selecciones a sus aficionados.
▶ https://t.co/NHan4lVtzE pic.twitter.com/Tlyd7N3BKa
— CONMEBOL.com (@CONMEBOL) April 9, 2019