Top Sport

Аргентина ќе го отвори новиот „Лужники“

Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) потврди дека на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар со Русија на новиот стадион „Лужники“, каде што во 2018 ќе се игра финалето на Светското првенство.

Стадионот, кој е отворен во 1956 година е целосно трансформиран откако беше затворен во 2013 година. Речиси сè од стариот советски стадион е извадено, и капацитетот е зголемен од 78.000 на 81.000 седишта.

На стадионот е отстранета атлетската патека на која се трчаше на Олимпијадата во Москва во 1980, и трибините се многу поблиску до теренот.

Русија ќе одигра уште еден пријателски меч на 14 ноември со Шпанија, исто така во Русија, додека Аргентинците ќе имаат шанса да го „пробаат“ и новиот стадион Краснодар на пријателска со Нигерија на истиот датум.

Scroll to Top