Top Sport

Аргентина со пенал во 90-та минута „извлече“ реми со Уругвај (видео)

Уругвај за малку пропушти победа над над јужноамериканскиот ривал Аргентина, откако „албиселесте“ со голот на Лео Меси од пенал во 91. минута успеа да извлече 2:2 реми во пријателскиот меч во Тел Авив, Израел.

Уругвајците дојдоа во водство со 50. гол во националниот дрес на Единсон Кавани во 34. минута, пред Аргентина да израмни преку Серхио Агуеро во 63. минута. Сепак, Уругвај повторно дојде во водство само пет минути подоцна, кога Луис Суарез доби асистенција од Кавани за 2:1.

Во 90. минута од мечот по игра со рака во шестнаесетникот на Уругвај, Лео Меси успеа да израмни на 2:2, за втор позитивен резултат на неговата репрезентација по победата над Бразил.

Scroll to Top