Top Sport

Срѓан Ѓоковиќ е сигурен: Мојот син ќе биде најдобриот во историјата

Таткото на српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, Срѓан во интересно интервју за „РТС“ вели дека е сигурен дека Новак ќе продолжи да игра додека не ги сруши сите тениски рекорди и покрај тоа што тој го загуби првото место на АТП листата од Рафаел Надал.

„Се обраќам на тие кои го ценат мојот син, а сигурен сум дека 95 отсто од Србија е зад него. Кажувам дека Новак ќе биде најдобар тенисер на сите времиња и додека не ги оствари сите рекорди кои останаа нема да престане со тенисот“, вели постариот Ѓоковиќ.

Тој признава дека на Ѓоковиќ му е тешко кога е соочен со непријателска публика кога игра со најголемите ривали Федерер и Надал.

„Не можете да замислите колку му е тешко, но тој секогаш има студена глава и се носи со тоа. Тој е претставник на еден мал горд народ од една мала сиромашна земја, која ја бомбардираа тие големи ’стручњаци’. И се избори со тоа. Новак се појави во незгодно време за Србија бидејќи ја врати вербата и покажа дека не сме геноциден народ, туку дел од европската култура и цивилизација“, додава Срѓан Ѓоковиќ.

Scroll to Top