Top Sport

Аргентинците дадоа четири гола за едно полувреме – им признаа само еден

Аргентина има минимално водство против Саудиска Арабија (1:0) по првото полувреме од првиот меч на Светското првенство. Можеше да има и многу поубедлива предност ако беа признати сите погодоци што ги постигнаа, вкупно четири. Но, дури три гола не беа прогласени за регуларни поради офсајд позиција.

Меси погоди од пенал во десеттата минута, а потоа тој уште еднаш, а и Лаутаро Мартинез двапати, ја тресеа мрежата на Саудиска Арабија, но тоа немаше ефект на резултатот.

Аргентина е сепак голем фаворит на овој дуел и се очекува да стигне до триумф.

Scroll to Top