Top Sport

Каков шок за Аргентина: Два брзи гола на Саудиска Арабија

Аргентина е пред голем предизвик во второто полувреме откако прими два гола од Саудиска Арабија за само пет минути и сега има негатива од 1:2. Лионел Меси од пенал ги доведе во водство во десеттата минута, а потоа дури три гола не им беа признати на Аргентинците поради офсајди.

Но, на почетокот на вториот дел се случи вистински шок за нив. Во 48.минута Ал Шахри успеа да израмни, а пет минути подоцна Ал Давсари постигна фантастичен гол за неверојатен пресврт.

Scroll to Top