Top Sport

Аргентинците го преименуваа својот тренинг-центар во чест на Лео Меси

Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА), Чики Тапија, објави дека тренинг-кампот на репрезентацијата, досега познат како Каса де Езеиза, отсега ќе биде именуван според „најдобриот играч на светот“, Лионел Меси.

Со ова се комплетира неделата на прослави во Аргентина, по пријателскиот меч со Панама во четвртокот, во кој Меси го постигна својот 800. гол во кариерата. Аргентина ќе игра уште еден пријателски меч со Курасао во понеделник навечер, пред фудбалерите да се вратат на своите клубови.

Scroll to Top