Top Sport

Аргентинците побарале Сампаоли да не ги води против Нигерија

Аргентина синоќа доживеа еден од најтешките порази во својата историја. „Гаучосите“ беа прегазени од Хрватска (0:3) на Светското првенство во Русија и покрај тоа што во своите редови го имаат еден од најдобрите играчи на сите времиња.

На коло до крајот на натпреварите во првата фаза Аргентина има само теоретски шанси да се пласира во осмина-финалето.

Како главни виновници за досегашниот дебакл медиумите ги посочуваат токму Меси и селекторот Хорхе Сампаоли.

По натпреварот медиумите лансираа информација дека фудбалерите побарале Самаполи да не биде на клупата за последниот меч во групата против Нигерија.

foto: epa

„Играчите не се адаптираа и проектот пропадна“, рекол по натпреварот со Хрватска селекторот на Аргентина.

„Можете да го оставите да зборува што сака“, бил одговорот на напаѓачот Серхио Агуеро.

Според шпекулациите играчите побарале против Нигерија (вторник, 20 часот), во Санкт Петербург, да ги предводи Хорхе Буручага.

Буручага е еден од клучните фудбалери на генерацијата која предводена од Диего Марадона, во 1986 година во Мексико стана светски првак.

Scroll to Top