Top Sport

Аргентинците воодушевени од тетоважата на Марадона на ногата на Инсиње

Италијанскиот напаѓач Лоренцо Инсиње ги импресионираше новинарите на „ЕСПН Аргентина“ пред „Финалисима“ на „Вембли“ фалејќи со својата тетоважа на Диего Армандо Марадона.

На вчерашниот тренинг, Инсиње застана кај новинарите на „ЕСПН“ и ја покажа својата огромна тетоважа на левата нога. Инсиње се тетовираше со легендата на Наполи по смртта на Аргентинецот, а клубот го преименува својот стадион во „Стадио Диего Армандо Марадона“.

Scroll to Top