Top Sport

„Газпром“ ќе го зголеми спонзорството на Црвена звезда

Откако поради војната во Украина беа раскинати спонзорските договори со германскиот клуб Шалке и со УЕФА и нивната Лига на шампионите, руската компанија „Газпром“ ќе ја продолжи соработката со Црвена звезда со зголемена сума.

Генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ потврди дека Звезда ќе добива 5 милиони евра годишно од рускиот гигант.

„Веќе договоривме пријателски меч со Зенит, најверојатно во Сочи на 3 јули, како тест за новата сезона. Ние ги следиме препораките на нашата држава и горди сме што ќе ги заддржиме добрите односи со нашите браќа во Русија. Ќе вложуваме во тимот најмногу досега и патот кон Лигата на шампионите и Лига Европа ни е отворен“, изјави Терзиќ на прес-конференција во Белград.

Scroll to Top