Top Sport

Аргентинец го прифати повикот на Роберто Манчини

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го повика аргентинскиот напаѓач Матео Ретеги (23) за претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство.

Италија има проблеми со напаѓачите, поради повреди или лошата форма, Манчини не ги повика Имобиле, Џанлука Скамака и Џакомо Распадори.

„Ретеги го следиме веќе некое време, а веќе две сезони игра редовно во аргентинската лига. Има квалитети кои во моментов ни недостасуваат. Мислевме дека нема да сака да ни се приклучи, но тој ја прифати поканата”, изјави италијанскиот тренер.

Ретеги е позајмен играч на Бока Јуниорс во Тигре, а оваа сезона има шест гола на осум натпревари. Тој има и италијански пасош, а аргентинскиот селектор Лионел Скалони не смета на Ретеги.

Scroll to Top