Top Sport

Цедевита Олимпија го отпушти Големац

Јурица Големац повеќе не е тренер на Цедевита Олимпија, објави клубот на социјалните мрежи.

Големац доби отказ поради лошите резултати, во АБА лигата клубот има скор од 14 победи и 6 порази и се четврти на табелата, додека во групата А од Еврокупот се на последното место со само три победи.

Додека не биде именуван нов тренер, екипата ќе ја предводи помошникот на Големац, Миро Алиловиќ.

Да потсетиме, Големац го презеде тимот во јануари 2020 година кога го наследи Славен Римац и освои две титули во Словенија, два купа како и три суперкупа, а играа и во полуфиналето на АБА лигата и четвртфиналето. на Еврокупот.

Scroll to Top