Селекторот на Мексико, Херардо „Тата“ Мартино вели дека ќе направи „сè што е возможно“ да ја исфрли неговата татковина Аргентина и првата ѕвезда Лионел Меси од Мундијалот во Катар. Мартино, кој му беше тренер на Меси во Барселона во 2013/14 вели дека историјата и поврзаноста со Аргентина нема да му е проблем на утрешниот меч.
„Што би направиле на мое место? Знаете каде сум роден, ќе ви ја кажам годината, името на болницата, поштенскиот код на градот. Но, ќе направам сè Мексико да победи“, изјаави Мартино.
Мексико влегува во саботната пресметк со еден поен по 0:0 ремито со Полска, додека Аргентина е без поени по шокантниот пораз од 2:1 од Саудиска Арабија. Нов пораз на Аргентина речиси сигурно ќе значи елиминација на еден од најголемите фаворити за титулта, но и крај на кариерата на СП на Меси.
„Како ќе го сопреме Меси? Тоа се случува кога тој ќе има лошо попладне, а не поради нешто што ние ќе го направиме. Да, тој е најдобриот фудбалер во барем последните 15 години“, вели Мартино.