Top Sport

Откако потрошија 200 милијарди, дали доаѓа крајот на фудбалскиот проект на Катар?

Катар потрошија 200 милијарди долари на развивањето на фудбалот пред домашниот Мундијал, за денеска да станат вториот домаќин на СП во историјата (по Јужна Африка во 2010) кои не ја поминале групната фаза по 3:1 поразот од Сенегал и 1:1 ремито на Холандија и Еквадор.

Шампионите на Азија од 2019 година не ги остварија очекувањата на своите фанови, покажувајќи дека донеле грешна одлука кога на репрезентативците им забранија настап во локалните лиги пред СП, а не помогна ниту шпанскиот тренер Феликс Санчез со своето фудбалско познавање.

„Светското првенство ќе заврши, но фудбалот ќе продолжи во Катар. Ова е фудбалска земја и сакаат да продолжат со развивањето на младите таленти кои можат да влезат во репрезентацијата. Ќе продолжиме да се развиваме со сите наши ограничувања во Азија. Така ќе добиеме искуство и ќе бидеме поконкурентни на следното големо натпреварување“, вети Санчез.

Своите тренерски кариери во Катар ги стартуваа Пеп Гвардиола и Чави Ернандез, учествувајќи во скапите проекти на богатата земја, но останува да се види дали ќе има „корист“ од тие вложувања и по крајот на Мундијалот, или се работи за краткотраен проект. Фудбалот веднаш нема да запре, бидејќи Катар ќе ја брани азиската титула во 2023 година како домаќин, откако Кина се откажа од оддржување на континенталниот шампионат поради пандемијата на КОВИД-19.

Scroll to Top