Аргентинска делегација, предводена од семејството на Диего Марадона, ќе се обиде во последен момент да го добие легендарниот дрес на фудбалерот, кој денеска оди на аукција за 5 милиони фунти, тврдат аргентинските и англиските медиуми.
Богати аукционери ќе се обидат да го добијат дресот со кој Марадона ги предводеше Аргентина до победа над Англија со славниот гол „божја рака“ и со „голот на векот“. Марадона го смени дресот со англискиот фудбалер Стив Хоџ, кој 35 години го чуваше дресот пред да го стави на аукција.
„Тој продава нешто што е во сопственост на Марадона и на Аргентинската фудбалска федерација (АФА). Тој дрес мора да биде во Аргентина за сите Аргентинци да можат да го видат, а не некој милионер да го стави во својот шкаф“, вели еден член од делегацијата за „Сан“.