Top Sport

Аргентинска скара за кревање на тимскиот дух во Интер

Лошата форма во 2022 година, италијанскиот шампион Интер реши да ја „разбие“ со малку тим-билдинг, поточно со аргентинска скара во нивниот тренинг-центар со Лаутаро Мартинез и Хоакин Кореа како главни готвачи.

По елиминацијата во Лигата на шампионите, ова е првпат во текот на целата сезона, „нераѕурите“ да имаат една недела на нивниот тренинг-центар без патување или меч, и необично убавото мартовско време во Милано го искористија за мала дружба.

На менито имаше „гриљата“, популарната аргентинска скара и Мартинез и Кореа беа шефови.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');