Top Sport

Аргентина се мачи против Мексико – Нема голови по првото полувреме

Без голови заврши првото полувреме помеѓу Аргентина и Мексико на Лусаил Ајконик стадионот.

Аргентина мора да победи, во спротивно ќе биде елиминирана од Мундијалот по само два одиграни натпревари.
Без фудбалска убавина, со многу борба и неколку груби стартови, тоа е главната карактерситика на првиот дел. Аргентинците никако не успеаја да се справат со цврстиот блок на Мексиканците.

Меси и соиграчите не упатија ниту еден директен удар кон голот на ветеранот Очоа.

Мексико се обиде еднаш, преку Вега од слободен удар во 45. минута. Напаѓачот шутираше од 25 метри, Мартинез го одбрани неговиот удар.

Scroll to Top