Top Sport

Гут Бехрами победи во Килингтон

Швајцарката Лара Гут Бехрами триумфираше во женскиот велеслалом во рамките на Светскиот куп во Килингтон, САД. Триумфот го постигна благодарение на одличното второ возење, бидејќи по првото беше трета. На крајот победи со вкупен резултат 1:44,08.

Гут Бехрами за само седум стотинки беше побрза од второпласираната Италијанка Марта Басино. Третото место на крајот и припадна на најдобрата по првата трка, Швеѓанката Сара Хектор.

Мало изненадување претставува пласманот на лидерката во вкупниот пласман во Светскиот куп, Микаела Шифрин. На домашен терен, Шифрин го освои 13. место , со заостанување од 1,40 секунди од победничката.

На истото место утре на програмата е женскиот слалом.

Scroll to Top