Top Sport

Архитектот на „Барселона на Чави“ се сели во Атлетико

На 2. септември Матеу Алемани по две и пол години официјално ја напушти Барселона. Алемани се смета за творецот на Барселона на Чави Ернадез. Како сега стојат работите нема долго време да биде невработен. Тој добил понуда од Атлетико Мадрид.

Мозокот на сите операции на тимот под водство на претседателот Жоан Лапорта и, како што велат, најодговорниот за сите трансфери и операции во рамките на финансискиот фер-плеј, би можел да ја продолжи кариерата во фотелјата на големиот ривал.

Атлетико Мадрид смета дека Алемани би бил одлично засилување во професионалниот сектор, бидејќи е финансиски маг.

Тој дури добил понуда да го замени Луис Рубиалес на местото претседател на Шпанската фудбалска федерација, но без размислување ја одбил понудата, со образложение дека таа функција не е за него.

Алемани беше доверлив човек на Лапорта, но со доаѓањето на Деко тој стана технолошки вишок, па дојде до спогодбен раскин.

Scroll to Top