Top Sport

Кука го засили со нападот на Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи го претстави новото засилување, напаѓачот од Гана, Исак Кука, кој доаѓа на позајмица од Хартс оф Оук.

Тој има 21 година и треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија на тимот.

„Среќен сум што сум дел од овој голем клуб. Знам дека Шкупи низ годините има освојувано титули. Тука сум да помогнам и да играм најдобро што можам, да постигнувам голови, и да му помогнам на Шкупи да ги оствари своите цели“, изјави Кука.

Scroll to Top