Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми се наоѓа пред трансфер во Кина. Капитенот на Динамо Загреб добил богата понуда од кинески прволигаш вредна 3 милиони евра по сезона, а би потпишал тригодишен договор.
Адеми пред неколку месеци имаше понуда од Саудиска Арабија, но клубот не му дозволи да замине од „Максимир“.
Динамо Загреб вчера славеше во вечното хрватско дерби против Хајдук Сплит со 4:0 и обезбеди 11 бода предност на врвот на табелата. Адеми беше стрелец на првиот гол и асистент на вториот гол за Динамо.