Top Sport

Аријан Адеми се враќа во Динамо Загреб како засилување за Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми до крајот на денот треба да се врати во Динамо Загреб. Тој би дошол на „Максимир“ како позајмен играч од Пекинг Гуан, а како засилување за тимот за групите од Конференциската лига.

„Се надеваме дека ќе завршиме со Адеми“, изјавија од Динамо Загреб за хрватските медиуми.

Новиот тренер Сергеј Јаќировиќ го посакува Аријан Адеми во тимот како засилување за Динамо Загреб за групната фаза од Конференциската лига.

Адеми треба да се појави и на подготовките на националниот тим на Македонија во пресрет на натпреварите со Италија и со Малта.

 

 

Scroll to Top