Top Sport

Борче Костовски за наградата „8 Септември“: Срам да ви е АМС

Тренерот на македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски, Борче Костовски, ја нападна Агенцијата за млади и спорт и Комисијата која одлучува за доделување на наградите „8 Септември“.

Тој вели дека како тренер на спортист кој единствен роден во Македонија освоил олимписки медал од нејзиното осамостојување заслужува да ја добие наградата, но дека повторно политиката вмешала прсти.

Борче Костовски реакцијата ја објави на социјалните мрежи.

Scroll to Top