Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ вели дека го потценил предизвикот на играње во Кинексата Суперлига по трансферот во Шангај СИПГ, откако претходно играше во Стоук и Вест хем пред во јули 2019 да замине во Кина за 23 милиони фунти.
Тој признава дека бил непрофесионален кон лигата и дека не тренирал доволно за да остане во форма.
„Ја потценив лигата. Не тренирав, не се грижев за телото. Јадев многу. Пиев ’Спрајт’, ’Кока кола’ ’Фанта’, пијалоци кои не се добри за телото. Јадев погрешно, не спиев доволно: Си легнував во 6-7 наутро, а спиев до 3-4 попладне, по што пак седев цела ноќ. Сега, се променив, сакам да одиме по титула и за тоа треба да сум физички подготвен. Го сменив својот живот“, вели 31-годишниот Арнаутовиќ.