Марко Арнаутовиќ, по мечот со Македонија на Европското првенство, поради расправијата со Езгијан Алиоски, е цел на напади на социјалните мрежи.
Австриецот, со српски корени, постигна гол во 89.минута и го постави конечниот резултат 3:1. Откако го постигна голот тој започна да го навредува Алиоски.
На социјааните мрежи го обвинија Арнаутовиќ дека е расист.
„Имаше вербална расправија од двете страни“, рекол Арнаутовиќ на денешната прес конференција, на која не било планирано тој да им се обрати на новинарите.
Тој решил да дојде на пресот за да објасни дека она што се случило немало врска со политиката или расизмот.
„Имам пријатели насекаде низ светот“, рекол Арнаутовиќ.
Сепак признал дека прославата на голот не била примерна.
„Се радував и секако дека паднаа некои зборови кои ме заболеа. Тоа беше емоционална расправија. Можам да им кажам дека ми е жал на сите оние кои почувствуваа дека се навредени. Сакам да го заборавиме тоа што се счучи, на такви работи не им е местото во фудбалот“.