Марко Арнаутовиќ постигна два гола, а Болоња со 2:1 ја совлада Специја за да ја прекине лошата серија од пет меча без победа и да го забележи првиот триумф во 2022 година за да го намали притисокот на тренерот Синиша Михајловиќ.
Албанскиот напаѓач на Специја, Реј Манај го шокираше „Ренато Дал’Ара“ уште во 11. минута од мечот, пред Арнаутовиќ во 40. минута да израмни на 1:1, за во 84. минута да донесе драгоцени три поени за Болоња.
Болоњезите се на 13. место на табелата со 31 поен, додека Специја е две места подолу со 26, и двата тима не се многу далеку од зоната за испаѓање.
Standings provided by SofaScore LiveScore