Top Sport

Аронсон: За разлика од Лидс, во Катар е премногу топло

Ѕвездата на Лидс јунајтед и на американската репрезнетација, Бренден Аронсон признава дека му е тешко да се аклиматизира на температурите на Светското првенство во Катар, посебно бидејќи пристигнаа во Доха од северна Англија, со дожд и магла. Денеска максималната температура во Доха беше 31 степен.

„Тука е дефинитивно нов степен на топло. Но, не пречи. Засега тренинзите се одвиваат во утринските и вечерните термини и тоа беше прифаатливо. Не знам како ќе биде кога ќе се појавиме на стадионите, бидејќи уште не сме имале шанса да ги посетиме, но сега сите се обидуваме да се аклиматизираме. Огромна разлика од Лидс“, вели Аронсон.

Аронсон и САД имаат искуство за фудбал на екстремни температури, бидејќи во квалификациите често играат на гости во мексиканското лето, додека минатата година ги пречекаа Хондурас „Алијанц филд“ во Минеаполис на температура од -16 степени!
И

Scroll to Top