Арсенал во финалето во Лига Европа, против Челси на 29 мај во Баку, нема да може да смета на услугите на Хенрик Мхитаријан. Причините поради кои Ерменецот Мхитаријан нема да аплицира се виза се од политичка природа. Азарбејџан и Ерменија долго време беа во војна, а од 1994 година немаат дипломатски односи.
Хенрик Мхитаријан синоќа играше во второто полувреме на „Мастаља“ во Валенсија. Во периодот кога тој беше на теренот Арсенал постигна уште два гола, а Ерменецот беше асистент за еден од нив.
Неиграњето на Мхитаријан ќе биде голем хендикеп за тренерот Унаи Емери, но слични ситуации имало и во минатото, кога тој бил играч на Борусија Дортмунд, а и во блиското минато. Во фазата по групи Арсенал беше во група со азербејџанскиот тим Карабаг. И тогаш Ерменецот воопшто не аплицирал за азербејџанска виза.
„Хенрик не може да патува со нас. Мојата работа е поврзана со фудбалот и сакам да се занимавам само со тоа, политиката не ме интересира“, изјавил тогаш тренерот Емери.
Во 2015 година иако УЕФА им ветиле на луѓето од Дортмунд дека ќе обезбедат виза за Мхитаријан, во тогашниот клуб од безбедносни причини решиле Ерменецот да не патува во Азербејџан.