Top Sport

Арсенал би го платиле Озил, само да замине

Арсенал планираат да почнат преговори со Месут Озил, во кои ќе му понудат на Германецот голема сума само тој да замине од клубот, тврдат англиските медиуми.

Озил доби нова шанса кога Микел Артета стана тренер во северен Лондон, но по рестартот на Премиер лигата во јуни, тој веќе не беше во плановите на менаџерот и немаше ниту еден настап, а беше отсутен и на ФА куп финалето против Челси, кога веќе беше на одмор во Турција.

Озил постојано тврдеше дека е подготвен да игра и дека проблемите не се фудбалски. Сега, се верува дека 31-годишниот Озил, кој заработува 350.000 фунти неделно со „топчиите“ и има уште една година од договорот, е подготвен да седи на клупа цела сезона. Арсенал се надеваа дека ќе најдат купувач, со американски клубови и Фенербахче како најзаинтересирани, но засега нема понуди.

Според „Дејли мирор“, Арсенал сега ќе му понудат на Озил одредена сума, секако пониска од 18-те милиони фунти кои треба да ги заработи следната сезона, во обид да се ослободат од него.

Scroll to Top