Top Sport

Арсенал добиваат нов Виеира!

Арсенал се пред договор со Порто за трансфер на нивната ѕвезда, младиот Португалец Фабио Виеира, кој веќе е на пат за Лондон за медицински тестирања в петок пред да потпише петгодишен договор со „топчиите“.

Порто ја прифатиле првата понуда на Арсенал од 30 милиони фунти плус бонуси до 4 милиони фунти за 22-годишниот Виеира, чиј агент е славниот Жорге Мендеш. Виеира е произлезен од академијата на Порто, за кои има 10 гола во 75 настапи и вообичаено игра како „десетка“ или како десно крило.

Навивачите на Арсенал следната сезона повторно ќе гледаат играч со името „Vieira“ идентично како нивниот славен поранешен капитен, француската фудбалска легенда Патрик Виера.

Scroll to Top