Top Sport

Арсенал ги сака Габриел Жесус и Рахим Стерлинг на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал има намера да се засили од актуелниот првак Манчестер Сити. Во фокусот на менаџерот Микел Артета се офанзивците Габриел Жесус и Рахим Стерлинг.

Доколку тандемот од Сити прејде на „Емирати“ тоа би била значителна промена за тимот на „топчиите“.

„Имавме разговори со Арсенал околу нашиот агент Габриел Жесус. Ни се допаѓа нивиот проект, а Габриел Жесус е интересен уште за шест клуба“, изјавија неговите агенти.

Рахим Стерлинг исто така би можел да се пресели во Лондон. Тој веќе не е стандарден во тимот на „граѓаните“ и сака да побара нова средина.

Покрај нападот, Арсенал сака да ја засили и одбраната со лев бек, а интересен за Артета е дефанзивецот на Болоња, Арон Хики. За средниот ред, шпанскиот стратег го посакува Јури Тилеманс од Лестер.

Scroll to Top