Top Sport

Арсенал го отпуштија Унаи Емери

Фудбалскиот клуб Арсенал објави дека ја раскинале соработката со тренерот Унаи Емери. Покрај Емери отказ добиле и сите членови на неговиот стручен штаб.

„Најискрено му се заблагодаруваме на Унаи Емери и на неговите колеги за се она што го направија за клубот. Им посакуваме успех во нивните понатамошни кариери“, порачал директорот на Арсенал, Џош Кроенке.

Емери на „Емирејтс“ пристигна пред 18 месеци. Минатата сезона не успеа да ја оствари главната цел, Арсенал да се пласира во Лигата на шампионите.

И покрај тој неуспех тој остана на функцијата.

Арсенал од почетокот на сезоната играат лошо, во Премиер лигата се наоѓаат на осмото место со само 18 поени. Екипата нема победа на последните седум натпревари во првенството и Лига Европа.

Во Премиер лигата Арсенал не победиле на последните пет натпревари.

На Емери му пресуди синоќешниот пораз од Ајнтрахт, во Лондон (1:2) во Лига Европа.

Привремено решение за тренерската позиција е Фреди Љумберг, поранешен фудбалер на Арсенал кој работи во малдинскиот тим. Швеѓанецот ќе ги предводи сениорите в недела во Норич.

Scroll to Top