Премиерлигашот Арсенал го донесе првото засилување за претстојната сезона, се работи за младиот португалски репрезентативец, Нуњо Таварез кој играше за тимот на Бенфика.
Таварез игра на позиција лев бек, место во тимот на Артета кое е доста проблематично. На таа позиција минатата сезона настапуваше Киран Тирни, но без адекватна алтернатива.
Лондонскиот клуб се одлучи да го купи Таварез иако тој не беше стандарден првотимец во Бенфика. „Топчиите“ за 22-годишниот играч платија 8 милиони евра со потенцијални 2 милиони евра за бонуси. Тој потпиша 5-годишен договор.
Welcome to The Arsenal, Nuno Tavares ? pic.twitter.com/379qyLXrxG
— Arsenal (@Arsenal) July 10, 2021