Top Sport

Арсенал го сака најдобриот играч во холандското првенство

Челниците на Арсенал се заинтересирани Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, пренесуваат британските медиуми. Арсенал веќе потроши 132 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, но лондонскиот клуб сака да ангажира уште еден напаѓач.

Мета е фудбалерот кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на холандското првенство.

ПСВ бара најмалку 40 милиони евра за својот заменик капитен.

Гакпо (23) е член на тимот на Ајндховен од 2007 година, а за првиот тим на ПСВ одигра 135 натпревари и постигна 42 гола.

Арсенал досега ги ангажираше Габриел Жесус, Александар Зинченко, Фабио Виеира, Маркињос и Мет Тарнер.

Scroll to Top