Top Sport

Бекер ќе биде депортиран од Велика Британија

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се соочува со депортација од Велика Британија по отслужувањето на затворската казна. Тој е осуден на две и пол години затвор за даночно затајување и проневера по стечај.

Првите недели ги помина во озлогласениот затвор „Вандсворт“, а потоа беше префрлен во „ХМП Хантеркомб“, на 70 километри од Лондон.

Според англиските медиуми, на Бекер му се заканува депортација од таа земја како странец осуден за кривично дело.

Бекер живееше во Британија во последните 10 години, а по отслужувањето на казната тоа најверојатно повеќе нема да биде можно.

Богатството на Германецот некогаш се проценуваше на 127 милиони фунти, но подоцна низ годините тој банкротираше.

Scroll to Top