Top Sport

Арсенал го тресна Ливерпул и повторно е лидер

Арсенал се врати на лидерската позиција на табелата во Премиерлигата откако доби дербито на „Емирати“ против Ливерпул со 3:2. „Топчиите“ повторно имаат бод предност пред Манчестер Сити на врвот на табелата.

Габриел Мартинели во првата минута донесе водство за домаќинот, а израмни Дарвин Нуњез во 34.минута. Во последните моменти од првиот дел, Бакајо Сака повторно го доведе Арсенал во предност.

Роберто Фирмино донесе ново израмнување во 53.минута, но Бакајо Сака од пенал во 76.минута стрелаше за конечен триумф на Арсенал.

По овој пораз, Ливерпул е на десеттата позиција со само 10 освоени бода.

Scroll to Top