Top Sport

Ван Бастен: Нејмар е плачко, би му аплаудирал на тој што конечно ќе му стави крај

Легендарниот Холанѓанец Марко ван Бастен не може да го сфати Нејмар. Ван Бастен е изнервиран од однесувањето на Бразилецот на теренот, а тоа најмногу се однесува на реакциите на Нејмар по претрпен фаул.

„Нејмар е плачко. Постојано провоцира, удира некого, а потоа следната секунда глуми дека жртва. Изгледа дека противниците треба да имаат дозвола за да го допрат. Би му аплаудирал на оној што конечно ќе му стави крај. Невозможна личност на теренот“, изјавил Ван Бастен за „Cabine Desportiva“.

Нејмар (30) сезонава на 14 настапи постигна 11 гола, а има и девет асистенции. Тој останува најскапиот фудбалер на сите времиња откако ПСЖ за него и плати на Барселона 222 милиони евра во август 2017 година.

Scroll to Top