Според англискиот весник „Дејли мирор“, двата ривали од северен Лондон, Арсенал и Тотенхем во јануари ќе влезат во борба да го добијат крилото на Лестер, Ријад Марез веќе во јануари.
Алжирскиот интернационалец подолго време сака да замине од Лестер, а за неговите услуги се заинтересирани и Барселона и Рома. „Топчиите“ покажаа интерес за Марез уште пред две години, но Лестер, кои тогаш се бореа за титулата, одбија да го продадат. Сега, кога Лестер најверојатно ќе се бори за опстанок во лигата, менаџерот на Лестер, Крег Шекспир ќе сака да го засили тимот на други позиции.
Марез би бил добро засилување за Арсенал посебно по неизвесноста на останувањето на Месут Озил и Алексис Санчез во Лондон. Двајцата остануваат без договор летово и Арсен Венгер призна дека би можел да ги продаде во јануари.