Top Sport

Арсенал им го „крадат“ Нуњез на Ливерпул

Арсенал ги започнале преговорите со агентот на младиот напаѓач на Бенфика, Дарвин Нуњез и покрај тоа што се веруваше дека Ливерпул се најблику до потписот на Уругваецот, тврди „Дејли експрес“.

22-годишниот Нуњез стана еден од најпосакуваните млади фудбалери во Европа, откако постигна 26 гола во 33 настапи за Бенфика оваа сезона, а по трансферот на Луис Дијаз од Порто, се веруваше дека Ливерпул имаат најмногу шанси за неговиот потпис.

Покрај тоа што е млад фудбалер, со што совршено се вклопува во трансфер-политиката на Микел Артета, шпанскиот тренер е импресиониран од неговата способност да игра свртен со грб на играчите.

Scroll to Top