Top Sport

Топспорт во Палермо – Ристовски: Огромен мотив е да се игра против европскиот првак

Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе ја предизвика Италија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар. Селекцијата на Благоја Милевски ќе мора да го елиминира европоскиот првак доколку сака да дојде на чекор до мундијалката виза.

Капитенот Стефан Ристовски вели дека е горд што Македонија дојде во ваква позиција и вели дека сите фудбалери се максимално мотивирани за успех.

„Горд сум што Македонија е дел од овој бараж натпревар. Тоа е за респект, а едноставно нема поголем мотив пред утрешниот натпревар од тоа што ривалот Италија е актуелен европски првак. Нивната сила е во тимската игра, иако имаат безброј ѕвезди од Серија А во тимот. Но, ние ќе го дадеме максимумот и се надеваме на успех“, изјави Стефан Ристовски на прес – конференцијата.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“.

Scroll to Top