Лидерите во Премиерлигата, Арсенал се надеваат дека ќе ги искористат легалните проблеми на Јувентус за на „Емирати“ да го донесат српското дуо Душан Влаховиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Сан“.
„Бјанконерите“ се под три различни истраги – од јавниот обвинител во Торино, од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и од УЕФА за своето сомнително сметководство и помеѓу казните кои можат да ги добијат се голема парична казна, исфрлање од Серија А и исфрлање од европските натпреварувања, што би можело да донесе и до продажба на дел од своите фдубалери.
Арсенал веќе беа заинтересирани за Влаховиќ пред тој да го направи трансферот од Фиорентина во јануари 2022 година, додека неговиот соиграч од репрезентацијата во Катар, Милинковиќ-Савиќ се веруваше дека е пред трансфер од Лацио во Јувентус пред да се открие скандалот во Торино.
L'Arsenal prova il doppio sgarbo alla Juve: Milinkovic-Savic e Vlahovic #arsenal #juventus #milinkovic-savic #vlahovic #sportmediaset https://t.co/CcFOyifLTO
— SportMediaset.it (@sportmediaset) December 7, 2022