Top Sport

Арсенал ја купува младата ѕвезда на ПСВ

Англискиот премиерлигаш Арсенал е силно заинтересиран за холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми. 22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Барселона, Милан, Ливерпул и Баерн Минхен.

Сепак, Арсенал е најконкретен и сака да го донесе на „Емирати“, а веќе подготвил понуда од 30 милиони евра.

Микел Артета сака комплетно да ја реновира навалната линија и бара идеален партнер за Габриел Жесус. Се чини дека Гакпо со својата младост и брзина може одлично да се вклопи. Тој минатата сезона постигна 16 гола и забележа 14 асистенции за ПСВ Ајндховен во холандското првенство.

Scroll to Top