Top Sport

Вајналдум пред преселба во Рома

Холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум е пред одлука да го напушти Пари Сен Жермен и среќата да ја побара во Италија. Тој не ја доби очекуваната минутажа во ПСЖ минатата сезона и сега сака да си замине за да биде максимално подготвен за настап на Светското првенство во Катар.

Негова желба е да се пресели во Италија и да го облече дресот на Рома.

Тренерот Жозе Мурињо и раководството на „волчицата“ исто така би сакале да го имаат Вајналдум на „Олимпико“, но подготвени се да плаќаат само половина од неговата огромна плата во ПСЖ. Двата клуба сега се обидуваат да ги договорат деталите според кои холандскиот играч за врска би дошол во Рома како позајмен играч.

Scroll to Top