Top Sport

Арсенал ќе казни четворица фудбалери

Арсенал ќе казни четворица фудбалери бидејќи ги прекршиле мерките за социјално дистанцирање. Давид Луиз, Гранит Џака, Николас Пепе и Александар Лаказет не ги почитувале мерките пропишани од владата на Велика Британија.

Најскапото засилување во историјата на клубот, Пепе, играл фудбал со пријателите во северен Лондон. Постои фотографија од местото која докажува дека тој не ги почитувал мерките.

Луиз и Џака биле забележани како дел од времето го минуваат во Саутгејт, додека Лаказет бил во контакт со човекот кој се грижи за неговиот автомобил.

Арсенал соопшти дека ќе бидат обавени разговори со четворицата фудбалери, а птооа ќе им бидат одредени казните.

Scroll to Top