Top Sport

„Бенитез уништи сѐ што направи Мурињо“

Марко Матераци, во кариерата имал можност да работи со неколку тренери, под команда на Марчело Липи бил светски првак, а под палката на Жозе Мурињо станал европски шампион. Во едно интервју тој открива дека од сите тренери со кои работел нема добро мислење само за Рафаел Бенитез.

Шпанскиот тренер во Интер го наследи Мурињо кој се пресели во Реал по историската сезона во која освои три титули.

„Во Интер не само што започна лошо и заврши уште полошо, туку тој никако не заврши“, рекол Матераци.

„Бенитиез уништи сѐ што дотогаш имаше направено Мурињо. Мислам дека тренерот е добар кога има добри односи со играчите. Кога тој пристигна, веднаш ги издвои оние за кои сметаше дека се лидери во соблекувалната и тука му започнаа проблемите. Не разбра дека самиот тој беше проблемот“.

Матераци вели дека Бенитез делувал како да има желба да го уништи наследството на Мурињо.

„Човекот што ја освоил Лигата на шампионите со Ливерпул против Милан сигурно има знаење, но тој во Интер имаше проблем со Мене, во Наполи со Паоло Канаваро, во Челси со Тери, а во Реал Мадрид со Кристијано Роналдо“, заклучил Матераци.

Scroll to Top